Црна хроника
Фатен потпалувач на пожар во Крушевско

Битолската полиција вчера уапсила 19-годишен жител на крушевското село Врбовец, поради тоа што бил забележан како подметнува пожар во атарот на селото Врбовец.
Во пожарот била опожарена ниско и високостеблеста дабова и букова шума. СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, а судија на претходна постапка му одреди домашен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Му го оштетил возилото, а потоа со уште неколумина го истепал, инцидент во Трубарево

Вчера во Трубарево, тетовец прво му го оштетил автомобилот на штипјанец, а потоа заедно со уште неколку лица го истепал. Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје, доцна синоќа.
„Во 23.30 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 20 часот во село Трубарево,скопско, по претходно случена сообраќајна незгода, Е.А.(25) од Тетово му го оштетил возилото на Б.М.(44) од Штип, а потоа дошло друго патничко возило од кое излегле неколку лица и физички го нападнале Е.А.“, соопшти полицијата.
Министерството за внатрешни работи презема меркаи за расчистување на случајот.
Црна хроника
Изгоре автомобил во скопски Центар, нема повредени

Утрово во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, било опожарено патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.. Повредени нема, а Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го изгасила огнот.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
топ-тема
Повреден полицаец на мотоцикл кој бил на задача, во Чаир во него удрил 34-годишен скопјанец

Полицаец на мотоцикл е повреден синоќа во сообраќајна незгода на крстосницата на улиците Џон Кенеди и Благоја Паровиќ во скопски Чаир.
„Во 21.45 часот во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ’сеат’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(34) од Скопје и мотоцикл ’хонда’, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Љ.С. (кој извршувал работни задачи). По судирот мотоциклот излетал надвор од коловозот и удрил во паркирано патничко возило ’пежо 308’. Во несреќата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница ’Св.Наум Охридски’ во Скопје“, извести МВР.
Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.