Црна хроника
(Фото) Втора сообраќајка на „Рузвелтова“: се судрија такси и моторцикл

Повреден 58-годишен маж, во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на крстосницата од ул.„Франклин Руизвелт“ и ул.„Орце Николов“ во Скопје.
Според информациите, повредениот возел мотор, а во него удрило такси возило.
На 21.06.2023 во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Руизвелт“ и ул.„Орце Николов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(68) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(58) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил мотоциклистот Т.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Се работи за уште една сообраќајна несреќа на „Рузвелтова“. Синоќа на истата улица беше прегазена жена, која се бори за живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се запалија викендичка на Матка и кафеана во Гази Баба

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два одделни пожари, потврди Министерството за внатрешни работи.
Првиот пожар избувнал околу 09:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, а вториот околу 16:38 часот во викенд-куќа во село Долна Матка, сопственост на Ј.Д. (71) од Скопје.
Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, повредени лица нема, а увид извршиле екипи од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведен маж од Мршевци по пријава дека физички нападнал малолетник

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (54) од село Мршевци, општина Илинден, по пријава дека физички го нападнал малолетниот син на 39-годишната А.Ј.
Инцидентот се случил на 19 октомври 2025 година околу 15:30 часот во селото Мршевци. Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против приведениот.
Црна хроника
Скопјанец му се заканувал и му го оштетил возилото на својот брат

Полицијата го приведе Б.М. (45) од Скопје на подрачјето на Карпош, по пријава дека упатувал закани кон својот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет го оштетил неговото патничко возило.
Инцидентот се случил вчера околу 10 часот, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.