Црна хроника
(Фото) Запленети над 3.000 пиротехнички средства на ГП Јажинце

Вчера околу 16.40 часот, полициски службеници од ПС за ГН при Граничниот премин Јажинце, на овој граничен премин, при влез во РСМ спречија шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично).
Имено, при проверка на патничко моторно возило „тигуан“ со тетовски регистарски таблички, управувано од З.С. од Тетово, во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички средства.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен скопјанец, ги нападнал сопругата и ќерката, а оштетил и дел од мебелот

Полицијата во Центар вчера го приведе М.Ј.(59) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал својата 51-годишна сопруга и нивната 22-годишна ќерка и оштетил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
„Мерцедес“ со германска регистрација се запали кај плоштадот во Свети Николе

Автомобил „мерцедес“ се запали синоќа на паркинг во близина на градскиот плоштад во Свети Николе.
Возилото, со германски регистерски ознаки, било сопственост на Т.Ш.(53) од овој град.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР.
Црна хроника
Повредени четири лица во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп

Две возила се судрија вчера на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани, битолско, пришто повредени се четири лица, од кои едно потешко.
Во несреќата учествувале автомобил управуван од А.М.(50) од Битола, а кај другото возило зад воланот бил И.С.(26) од Кичево.
Според информациите од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола.
Битолчанецот се здобил со тешки повреди, а неговите двајца сопатници, меѓу кои и дете се полесно повредени.
Извршен е увид.