Црна хроника
(Фото) Несреќа кај салата „Борис Трајковски“: Распрскано стакло, укажувана прва помош

Два автомобили се судрија на булеварот „8 септември“ во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Од првичните информации, има повредени лица. Карактерот на повреди – засега е непознат.
Возилата се оштетени. На едното од нив, марка „сеат“, пукнато е стаклото од страната на возачот и истото е распрскано на булеварот. Паднат е и фар од едно од возилата. Била укажувана и прва помош, а на улицата се остатоци од гази, како и лични предмети.
„Макфакс“ побара информации од МВР за несреќата, од каде најавија информации за наскоро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Син истепал татко, брат нападнал сестра: два случаи на семејно насилство во Кисела Вода

На 07.10.2025 во 11:21 часот во СВР Скопје, 68-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот 35-годишен син физички го нападнал и оштетил дел од покуќнината.
Вчера во 09:18 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж пријави дека околу 08:30 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната од неговиот малолетен син.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите
Црна хроника
Кривична против тетовец: заградил парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишниот Н.Х. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавениот во село Сараќино, тетовско, заградил катастарска парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили.
Црна хроника
Уапсени двајца штипјани во Струмица, кај нив е пронајден кокаин

Вчера во 14:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода В.Ш.(37) и Е.Б.(39), двајцата од Штип. При преглед кај нив се пронајдени неколку пакувања со кокаин. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и со нив е извршен службен разговор.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.