Црна хроника
(Фото) Несреќа кај Собранието – одново автомобил удри во мотоцикл
Сообраќајна несреќа се случи на крстосницата кај Градската болница „Свети Наум Охридски“.
Според првичните информации, автомобил со скопски регистерски таблички удрил во мотоцикл.
Неофицијално, до несреќата дошло кога автомобилот се обидел да се приклучи кон улицата Филип Втори Македонски.
Засега нема податоци за повредени лица, но екипите на МВР се на терен.
На истата крстосница во изминатите месеци се случија повеќе сообраќајни несреќи, меѓу кои и помеѓу автомобили и мотоцикли. Во овие незгоди имаше и потешко повредени лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.