Црна хроника
(Фото) Претреси во валандовско: четворица уапсени, пронајдени и одземени околу два килограми дрога
Вчера во 21.30 часот во село Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишија од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата од село Пирава.

При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полициските службеници ги затекнале С.Ј. и Г.Т. во момент кога вршеле мерење на марихуана, по што биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, 110 семки од канабис и повеќе предмети со остатоци од марихуана.

Исто така, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Г.Т., каде се пронајдени неколку пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Од преземените службени дејствија, дојдено е до основи на сомневање дека во вршење на кривичното дело, со С.Ј. и Г.Т. се поврзани и К.М.(47) и Б.М.(23) од село Јосифово, валандовско, поради што, врз основа на судска наредба, се извршени претреси во домот на лицата и деловен објект кој го користел К.М. во село Јосифово. При претресот во деловниот објект биле пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и хашиш.

Инаку, во сите претреси се пронајдени и одземени околу два килограми марихуана и хашиш. Лицата се задржани во Полициска станица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По документирање на случајот во текот на денот против С.Ј., Г.Т., К.М. и Б.М. ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

