Топ
(Фото) Сообраќајка кај Собрание: распрскани делови, Брза помош, силен удар
Автомобил и мотоцикл се судрија на раскрсницата кај Собрание. Очевидци сведочат дека се слушнал силен удар, а на улицата имало расфрлани делови од возилата. Еден од возачите, кој неофоцијално е лицето што го управувало мотоциклот со Брза помош е префрлен во болница. Сериозноста на повредите не е позната.
По повеќе од еден час увид, од булеварот беа тргнати двете возила. Автомобилот беше во возна состојба, додека, мотоциклот беше отстранет со помош на пајак возило. Полицијата го регулираше сообраќајот.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција
„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Криминалот, корупцијата, неспособноста, тендерите, одземената држава, непотизмот и уште стотина други последици кои направија државата да страда, а народот да е резочаран. Вечерва конечно се поразени. Поразени се предавствата и поделбата. Тие стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи, нив денеска ги боли главата, има и зошто, ќе одговараат до последниот. Секој кој направил криминал и спровел корупција, мора да има одговорност која што ќе се темели на правда и закони. Поразен е и бојкотот на ДУИ“, кажа Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ова на нивната победа дава посебно задоволство.
„Народот покажа дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себеси, а ДУИ покажаа дека се најмалку партија која се грижи за Македонија и станаа силно криминализирана структура. Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е да одат заедно со СДСМ во опозиција. Народот ја одржа најважната лекција кон власта и си ја спаси државата“, додаде Мицкоски.
Тој кажа дека нема да ги повтори грешките на претходната Влада кога се однесувала самобендисано и неодговорно.
„Ние имаме намера со сите опозициски партии, кои настапија на овие избори, да разговараме и да видиме што е тоа што може да биде наша точка на поврзување. Тоа не значи дека сите тие би биле дел од идната влада“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова.
„Да ја води Македонија во правилна насока, да биде тука за граѓаните, бидејќи нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Воедно да честитам на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа. Верувам дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираа досега на политичката сцена. За нас од ЗНАМ гордо можам да потврдам дека ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија. ЗНАМ вечерва испиша историја. Ние потвдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови“, кажа Димитриевски и се заблагодари на граѓаните кои што излегоа на изборите.
„Од денеска продолжуваме како што ветувавме во предизборната кампања, согласно нашите определби, програмски и сето што беше ветено пред граѓаните. Ние сме партија формирана од граѓаните, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните“, додаде Димитриевски.
Прашан дали ќе остане градоначалник или размислува за Владата, тој кажа дека нема никакви размислувања, ќе остане доследен на неговите ветувања и секогаш со кумановчани.