Македонија
(Фото) Сообраќајна несреќа кај „Рампа“

Такси-возило и камион попладнево се судрија во Кисела Вода кај „Рампа“.
Очевидец за „Макфакс“ раскажува дека несреќата се случила во моментот кога на крстосницата пристигнал полициски службеник за регулирање на сообраќајот, бидејќи семафорите не работеле.
„Сообраќаецот му даде знак на камионот да вози и тогаш се случи сударот“, раскажува очевидецот.
Засега нема детали за состојбата на учесниците во несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Посвежо време со умерена облачност, ќе дува засилен ветер

Денеска времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 км/ч.). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.