Контакт

Топ

Предизвикал сообраќајна незгода во Аеродром, па тешко натепал жена – „Ќе те фрлам во Вардар“, ѝ велел додека ја клоцал

Објавено пред

Обвинителството почна истражна постапка против лицето што предизвика сообраќајна несреќа во Аеродром и нападна жена.

dobivaj vesti na viber

Од Обвинителството информираа дека осомничениот е 65-годишник. Тој на 27 декември, на булеварот Јане Сандански во Скопје, предизвикал значителна опасност за двајца оштетени – мајка и син, а извршил и грубо насилство кон оштетената жена нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди.

„Додека оштетените со своето возило се движеле по булеварот кон својот дом, осомничениот ги удрил со својот автомобил непрописно поминувајќи преку пешачки премин на црвен семафор. Оштетениот, кој управувал со возилото, тргнал по осомничениот и на следната крстосница излегол за да го праша зошто ги удрил. Осомничениот тогаш излегол од автомобилот со нож во раката и почнал да му се заканува.

Исплашен, оштетениот се вратил во возилото, во кое била и мајка му, но осомничениот повторно влегол во неговиот автомобил и тргнал во рикверц, повторно удирајќи во возилото на оштетените. Расправијата продолжила, а кога од автомобилот излегла и мајката, осомничениот ја фатил за косата и почнал да ја влече, насилно ја турнал во својот автомобил и почнал да вози во правец кон Лисиче. По речиси 600 метри, застанал, ја извадил жената од колата и физички ја нападнал удирајќи ја со клоци и тупаници и заканувајќи ѝ се дека ќе ја фрли во Вардар. На тој начин на оштетената ѝ нанел тешки телесни повреди – три скршеници и потрес на мозокот, а кај сведоци на настанот предизвикал чувство на загрозување и страв“, објави Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ги повтори кривичните дела.

Македонија

Силјановска-Давкова пред пратениците: Време е за единство, ќе бидам претседателка и на левите и на десните

Објавено пред

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги почитува Уставот и законите и дека ќе ги штити независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, без притоа, да употреби Северна во името на државата.

dobivaj vesti na viber

При давањето на заклетвата повторувајќи по претседателот на Собранието, Јован Митрески кој го користеше уставното име на земјата Република Северна Македонија, Силјановска-Давкова употребуваше само Македонија.

Давкова по заклетвата се обрати пред пратениците, а говорот во најголем дел им го посвети на жените.

Новата претседателка на почетокот кажа дека нејзините зборови се во битка со емоциите, и не можела да замисли дека ќе ја добие довербата на повеќе од 500.000 гласачи, а единствениот кој тврдел дека ќе дојде до таков резултат бил првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кому му се заблагодари што верувал во неа.

Сепак, како што истакна Силјановска, таа ќе ја оправда довербата, но не заради одговорност или долг кон партија или политика. Вети дека ќе биде претседателка и на левата и на десната страна во парламентот и на сите граѓани и нема да прави разлика помеѓу нив по било која основа.

„Време е за единство. Единствното може да значи и женска филозофија, женска автентичност. Како жени, умееме да се грижиме не само за себе, туку пред се’ за сите останати. Првите честитки стигнаа од жени. Имавм прекрасен женски разговор со претседателката на Словенија. Роденденот го поминав со амбасадорката на САД, исто во еден женски разговор. Тоа се нешта кои ќе ги носам со себе“, рече Силјановска-Давкова.

Најави дека во нејзиниот мандат, кога ќе предлага членови на судски совет и уставен суд, ќе трга од стручноста и компетентноста.

Рече и дека жените се на функции каде се ценат стручноста и компетентноста, но за жал ги нема во политиката, каде досега сме немале жена премиерка, жена претседателка, или претседателка на законодавниот дом.

„На Западен Балкан се’ уште е жив патријархатот. Силните жени на поинаков начин можат да ги решаваат проблемите. Цврсто верувам во тоа. Оваа држава, не ја бранеле или не ја имаме само благодарение на комитите, туку и комитките, не само партизаните, туку и партизанските. Многу храбри и умни жени сме виделе во овој парламент,но се чудев зошто немаме жена на оваа функција. Ќе го пробивам патот. Насекаде гледам многу умни, посветени жени, кои ќе ги носам во срцето“, рече Давкова.

Таа во обраќањето рече и дека зад сите успешни жени стојат прекрасни мажи како нејзиниот сопруг, а ги спомена и волонтерките и волонтерите кои работеле со неа во кампањата.

„Моето мото е не опкружувајте се со обожавателки, туку со критичарки“, рече таа.

Наглси дека во нејзиниот тим, како и програмата отпечатена на сите јазици имало Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, а таков ќе биде и нејзиниот кабинет. Сепак, како што рече Давкова, првиот и основен критерум за неа се стручноста и комптентноста, а потоа припадноста.

„Ние мораме не само да ја феминизираме политиката, туку и да им помогнеме на мажите да сфатат дека не смееме да се откажуваме. Треба да го следиме ритамот на природата, таа е совршен креатор. Не го знам точно соодносот на мажите и жените во слендиот парламентарен состав, но сакам да направиме чекор напред од оние 42 проценти. Иамло тука прекрасни моменти, имало и судири. Но, ние жените тука и во клубот на пратеничките и кога одевме надвор умеевме да ја претставиме Македонија како умна, стамена, достоинствена жена. Не служајно држава, политика, демократија и Македонија се во женски род. Помогнете им пратеници – витези на жените да го изразат тоа што го имаат, а не можеле досега. Сите вие ќе бидете горди на Македонија, како што јас сум на мојот народ“, рече Давкова.

Давкова го спомена и експремиерот од редовите на СДСМ, Димитар Ковачевски, дека се одважил да и’ се јави, наместо само да и упати честитка преку „Фејсбук“ и дека разговарале, а потоа додаде дека со жените ќе се менуваат и мажите политичари.

Од пратениците побара да имаат разбирање за нејзината меритократија во надворешната политика, разбирање за потребата од владеењето на правото, или, пак, нејзините евентуални вета.

По нејзиното обраќање, седницата беше завршена.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Koj е Немо – победникот на Евровизија

Објавено пред

Благодарение на гласовите од жири комисијата Немо од Шварцарија победи на изборот за песна на Евровизија со песната „Код“.

dobivaj vesti na viber

Немо се опишува себе си како небинарна личност, што значи дека не се декларира како маж или жена, туку како „тие“.

Немо (25) е рапер, пејач и музичар кој свири виолина, пијано и тапани. Досега имаат издадено три албуми, а песната „Du“ беше четврта на швајцарските топ листи во 2017 година.

Швајцарија немаше конкурс за песната да ја испрати на Евросонг, но интерно ја избраа песната ‘Код’. За изборот се пријавиле 472 песни, а жирито го сочинувале најмалку 240 меѓународни членови од публиката и 30 членови на стручно жири од 20 земји.

Критиките по финалето и неговата победа се поделени, а немалку коментираат дека се изненадени од победата и дека повторно жири комисијата ја надгласала публиката која ја избра Хрватска – некрунисаниот морален победник, но има и коментари дека е направен вистински избор, додека хрватската песна е копија на оние на „Рамштајн“.

„Кодот е за патување започнато со сознанието дека не сум ниту маж ниту жена. Пронаоѓањето на себеси беше долг и често тежок процес за мене. Но, ништо не е подобро од слободата што дојде со сознанието дека сум небинарна личност“, вели Немо.

Прикажи повеќе...

Свет

Свиркач од „Боинг“: Беше прашање на време кога ќе се случи нешто лошо, знаеа за дефектите, но чуваа во тајност

Објавено пред

Сантијаго Паредес, свиркач од авиокомпанијата „Боинг“ каде што работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време било кога ќе се случи нешто лошо“, мислејќи на серијата дефекти на авионите на компанијата во изминатиот период.

dobivaj vesti na viber

Паредес работел 10 години во фабриката „Spirit AeroSystems“ во американската сојузна држава Канзас, каде што ја проверил исправноста на трупот на Боинг 737, пренесува CBS News.

„Многу ретко се случуваше да не најдеме дефект“, рече Паредес, додавајќи дека квалитетните менаџери често наоѓале дефекти дури и на авионот од кој вратата падна сред лет во јануари.

„Зошто се случи тоа? Затоа што Спирит не обрнале внимание на пропустите поради притисокот што им бил наметнат на инспекторите. Да беше добра културата, ќе беа спомнати“, изјави Паредес.

Тој истакна дека Боинг со години знаел дека „Спирит“ испорачува трупови со дефекти и дека „само прашање на време било кога ќе се случи нешто лошо“.

Паредес бил под постојан притисок од претпоставените да пријави што помалку дефекти и дека притисоците нагло се зголемиле во 2018 година, кога производството на трупови се зголемило од 30 месечно на 50.

„Секогаш велеа дека немаат време да ги поправаат грешките. Бев во позиција каде што ако кажам не, ќе ме отпуштат. Ако кажам „да“, признавам дека нешто ќе згрешам“,  изјави Паредес.

Во февруари 2022 година, претпоставените на Паредес, наводно, побарале од него да ги забрза инспекциите и да биде помалку детален за пропустите што ги наоѓа, што го натерало да испрати е-пошта велејќи дека нивното барање е „неетички“ и го ставиле „во многу непријатна ситуација“.

Потоа на Паредес му беше одземена менаџерската титула, по што тој се пожали до одделот за човечки ресурси, кој го врати на работа, но тој сигурно се повлече во летото 2022 година.

„Се изморив од борба. Се изморив од обидот да ја направам вистинската работа“, рече Паредес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Силјановска-Давкова пред пратениците: Време е за единство, ќе бидам претседателка и на левите и на десните

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги...

Забава1 час

(Видео) Koj е Немо – победникот на Евровизија

Благодарение на гласовите од жири комисијата Немо од Шварцарија победи на изборот за песна на Евровизија со песната „Код“. Немо...

Свет2 часа

Свиркач од „Боинг“: Беше прашање на време кога ќе се случи нешто лошо, знаеа за дефектите, но чуваа во тајност

Сантијаго Паредес, свиркач од авиокомпанијата „Боинг“ каде што работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време било кога...

Свет5 часа

Шолц го предупреди Израел да не дејствува во Рафа

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против...

Забава6 часа

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен, најмногу поради гласовите на жирито. На второто место е Хрватска...

Македонија6 часа

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Во Кабинетот на претседателот денес ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени...

Македонија6 часа

Сончево време, попладне со зголемена облачност и температура до 26 степени

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови...

Забава14 часа

(Видео) Грузија со песна на Дарко Димитров настапи во финалето на Евровизија

Македонскиот композитор Дарко Димитров е автор на песната Firefighter, со којашто Грузија вечерва настапи во евровизиското финале. Земјата успеа да...

Македонија20 часа

Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени

ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“ (Влен), со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници...

Македонија22 часа

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски,...

Македонија1 ден

Мицотакис ја повика новата Влада да го почитува преспанскиот договор: „Ако не се случи тоа, ќе имаме проблем“

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во интервју за грчката телевија „Алфа“ повика на почитување на Преспаснкиот договор, од страна на новата...

Македонија1 ден

Силјановска на нејзиниот роденден го доби уверението за претседател, ДИК и’ посака успешен мандат

Државната изборна комисија и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска Давкова, која денес го прославува својот 71....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби

„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ...

Македонија1 ден

Силјановска Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија – ДИК објави конечни резултати од гласањето

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од гласањето на претседателските избори на 8 мај, констатирајќи дека за претседател е...

Свет1 ден

Израел ги повика Палестинците од централниот дел на Рафа да се евакуираат, повеќе од 150.000 луѓе веќе го напуштиле градот

Израелската армија утринава ги повика жителите на населбата во централниот дел на градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа...

Спорт1 ден

„Тоа беше несреќа“ – Новак Ѓоковиќ проговори и откри како се чувствува по инцидентот со шишето

Новак Ѓоковиќ се огласи по непријатноста што ја доживеа кога го напушташе теренот во Рим, и потпишувајќи автограми случајно беше удрен...

Свет1 ден

ОН го предупредија Израел да не го напаѓа Рафа: Тоа би предизвикало епска хуманитарна катастрофа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја предупреди израелската армија да не го шири нападот врз градот Рафа во...

Свет1 ден

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со нашето оружје

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вчера објави дека Израел можеби користел оружје добиено од САД со кршење на меѓународното...

Македонија2 дена

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува...

Македонија2 дена

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...