Црна хроника
Црква, болница и три ресторани ограбени од тетовски тинејџер
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 18-годишник од тетовското село Озормиште поради сомнение за сторени пет кривични дела и против 28-годишник од село Голема Речица поради сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.
Како што информираат од МВР, во периодот од 24 декември 2018 до 12 јануари оваа година на подрачјето на Тетово, во црква, болница и три угостителски објекти, тинејџерот со употреба на физичка сила и погоден предмет влегувал и одзел пари, алкохолни пијалаци и телевизор.
Кривичните дела за кои се товари 18-годишникот се три „тешки кражби“, една „тешка кражба во обид“ и една „кражба“.
Жителот на Голема Речица, пак, за одреден надомест го зел телевизорот иако знаел дека потекнува од кривично дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.