Црна хроника
Четворица повредени откако „голф“ излета од автопатот кај Требош, од нив тројца се малолетни
Во полицијата во Тетово синоќа била пријавени четворица повредени откако возило излетало од автопатот Тетово-Скопје во близина на селото Требош, Општина Желино.
„Патничко возило ’фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.З.(41) од с.Љуботен, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле (Ш.З.) и малолетен сопатник од с.Љуботен, додека со телесни повреди се здобиле двајца малолетници од с.Милетино и с.Љуботен, констатирани во Клинички центар Тетово“, соопшти Министерството за внатрешни работи,
На местото на несреќата увид направила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
„Мерцедес“ со германски таблички се преврте на патот Кичево – Гостивар: повредени три лица, меѓу нив и малолетничка
Вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од И.Р.(39) од Кичево, се превртело на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка од с.Стрелци, кичевско и А.В.(24) од Романија, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Прегазен пешак во Куманово: пренесен во болница со тешки повреди
Синоќа околу 19.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово удрило пешакот О.А.(46) од с.Тромеѓа, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Го лажел дека е вработен во суд и дека ќе помогне синот да му биде ослободен од притвор: кривична за скопјанец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.З.(41) од с.Бојане, скопско.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Имено, во текот на мај 2025 со лажно прикажување на факти, пријавениот довел во заблуда едно лице дека е вработен во суд и дека за одреден износ ќе му помогне неговиот син да биде ослободен од притвор.
Откако изготвиле жалба кај адвокат по притворот, во три наврати му биле исплатени 7.750 евра, но договореното не било исполнето.

