Црна хроника
Четворица радовишани се степале пред полициска станица
Вчера околу 17:50 часот пред влезот на Полициската станица Радовиш настанала тепачка помеѓу В.Т. и Б.Ѓ., двајцата од Радовиш. Дежурниот полициски службеник се обидел да ги спречи, но во тој момент дошле и лицата Г.З и Т.С., исто така и двајцата од Радовиш, кои се вклучиле во пресметката.
Полицискиот службеник издал наредба да престанат, но тие не го послушале. Во турканицата В.Т. успеал да го земе службениот пиштол на полицискиот службеник и да се закани дека ќе го употреби, но полицискиот службеник успеал да му го земе пиштолот.
Учесниците во пресметката се приведени и по целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени мажи во Ресен, кичевско и Богданци: возеле пијани и со брзина поголема од дозволената
Вчера во 23:40 часот на улицата „Ј.Јосифовски“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода А.Г.(40) од село Јанковец, ресенско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Вчера во 12:22 часот во село Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од село Велешта, струшко.
При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.
Ноќеска во 00:16 часот на улицата „Маршал Тито“ во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.М.(54) од Богданци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,86 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
(Видео) Уапсен скопјанец, при преглед кај него и престрес на дом пронајдени околу два килограми марихуана
Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија на улицата „Христо Татарчев“ извршено е легитимирање и преглед на С.М. од Скопје.
При извршениот преглед пронајдена е марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари, а при преглед на патничкото возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.М. пронајдена е поголелема количина марихуана.
По претходно добиена наредба извршен е и претрес на дом каде што престојувал С.М. при што во помошната подрумска просторија од станот пронајдена е голема количина на марихуана и две дигитални ваги.
С.М. е лишен од слобода известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.

