Црна хроника
Четирицикл изгубил контрола и удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени возачот и совозачот

Во Полициската станица Гостивар, синоќа, во 1.30 часот, било пријавено дека на улицата Балиндолска во Гостивар, Р. Џ. (29) од Гостивар, управувајќи четирицикл, без регистарски ознаки, загубил контрола и удрил во бетонски столб.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди добил сопатникот Ф. Х. (29) од Гостивар.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полициска акција во Штип: пронајдени автоматски пушки, приведени тројца млади

Полицијата ги приведе Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип.
Постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.