Црна хроника
Четирицикл управуван од малолетник од Струмица излетал од патот, повредени две лица

На 21.2.2024, во 19 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од улицата Ѓорги Упчев и улицата Мара Минанова, четирицикл, без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетен сопатник од Струмица, а телесни повреди добил возачот констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид од екипа на СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична за охриѓанец: при претрес пронајдено оружје во неговата куќа

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(27) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
При претрес извршен по судска наредба во неговата куќа во охридското село Сирула, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 2 ловни и 1 пневматска пушка кои, пријавениот ги поседувал без соодветна дозвола.
При тоа, одземено е и оружје за кое пријавениот поседувал соодветна дозвола.
Црна хроника
Малолетници ограбиле жена на улица во Карпош

Двајца малолетници ограбиле жена на улица во Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје В.Т.(62) од Скопје пријави дека околу 06.00 часот на подрачјето на Карпош две малолетни лица со употреба на физичка сила и ја одзеле чантата, во која имало пари, мобилен телефон, лични документи и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во Ургентниот центар нападната од нејзин колега

Скопјанка пријавила во полиција дека била нападната од вработен во Клиниката „Мајка Тереза“.
Според информациите од МВР, вчера С.А.(51) од Скопје пријави дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била физички нападната од Г.В., двајцата вработени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.