Црна хроника
Четири лица искасани од кучиња: три во Скопје, едно во Тетово
Три лица се искасани од кучиња скитници во Скопје, додека една пријава се однесува на Тетово.
„Вчера во 16.35 часот во Полициската станица Центар, Т.Г.(26) од Струга пријавила дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје била касната од куче скитник. Истиот ден околу 18.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.М.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Хаџијанев“ во Скопје бил каснат од куче скитник. Во 09.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, О.С.(69) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ била касната од куче скитник. Во 15.55 часот во Полициската станица Тетово, Б.Ш.(22) од с.Глоѓи, тетовско, пријавил дека во с.Џепчиште, тетовско, била каснат од куче скитник“, велат од МВР.
Низа поплаки за кучиња скитници имаше во Скопје изминатиот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

