Црна хроника
(Видео) Четири лица од Скопје набавиле 324.400 килограми кокаин од Албанија

Во текот на вчерашниот ден Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Одделот за организиран криминал на Република Албанија спроведе координирана полициска акција, при што изврши претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје и Прилеп и лиши од слобода четири лица, и тоа А. М. (51), Д. З. (37), М. Ј. (35) и Д. Ј. (39), сите од Скопје.
Денеска (4.4.2023), до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против А. М., Д. З., М. Ј., сите од Скопје, како и против Р. Т. (45) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 ст. 3 од Кривичниот законик, соопшти Сузана Прањиќ-Талевска од МВР.
Четирите лица се дел од меѓународна организирана криминална група инволвирана во организирање транспорт на кокаин за земјите од ЕУ, кои во текот на јуни 2021 од непознати лица од Албанија набавиле, а потоа и организирале пренесување на 300 пакувања со маса од 324,4 килограми кокаин за Р. Италија со товарно возило „даф“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. А..
Имено, на 16.6.2021, Н. А. на ГП Ќафасан остварил излез од Република Северна Македонија кон Република Албанија, при што на царинските управи на двете држави декларирал извоз на легална стока – железо, со крајна дестинација во Италија. Истиот ден А. М. и Р. Т., одделно, на ГП Блаце оствариле излез од државата кон Р. Косово, а потоа заедно, со патничко возило, преку ГП Морина/Кукс се упатиле кон Албанија. Следниот ден (17.6.2021), Д .З. и М. Ј. на ГП Блаце оствариле излез кон Р. Косово, а потоа со патничко возило преку ГП Морина/Кукс се упатиле кон Албанија. Потоа, по претходен договор, на локација во Албанија приколката била одвоена од влекачот, управуван од Н. А., а во просторот кај резервоарите за нафта во влекачот биле ставени 300 пакувања со бруто-маса од 324,4 килограми кокаин, набавен од албански државјани. Потоа приколката повторно била споена со влекачот, кој се упатил кон пристаништето Драч, со цел стоката да се пренесе во Италија по претходна организација на А. М., Р. Т., Д. З. и М. Ј.
На 18.6.2021, на ГП на пристаништето во Драч – Р. Албанија, од страна на службени лица цариници од Царинската управа на Р. Албанија извршено е скенирање на товарното возило со приколка управувано од Н. А., при што во влекачот биле забележани скриените пакувања по што бил извршен претрес и биле пронајдени 300 пакувања кокаин со вкупна тежина од 324,4 килограми. Против Н. А. е поднесена кривична пријава до надлежното Специјално јавно обвинителство во Тирана, Р. Албанија, за сторено кривично дело поврзано со недозволена трговија со наркотични дроги.
Поради ова, на 3.4.2023 спроведена е полициска акција на повеќе локации на подрачјето на Скопје и Прилеп, а врз основа на издадени наредби извршен е претрес кај лицата, при што се пронајдени и одземени повеќе мобилни телефонски апарати, СИМ-картички, патничко возило и документација. При обид да биде лишено од слобода, едно од лицата, Р. Т., не почитувал полициска наредба и со возилото удрил во службено полициско возило, при што добил тешки телесни повреди и е задржан на болничко лекување. Притоа четирите лица се лишени од слобода, а кривично пријавените се изнесени пред судија на претходна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.