Црна хроника
Чеченец осомничен за препродажба на дрога во Гостивар
Гостиварското јавно обвинителство донесе наредба за спроведување постапка против едно лице од Чеченија (Руска Федерација), поради сомнение дека имал намера да препродава марихуана од мотел во Гостивар.
Како што информираат од обвинителството, осомничениот 35-годишник од засега непознато лице купил одредено количество марихуана, која ја држел во својата соба во гостиварски мотел со намера да ја препродава.
При претрес кај осомничениот на 10 февруари биле пронајдени околу 15 грама марихуана во најлонско пакување.
Тој се товари дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил предлог за изрекување притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, како и можност да го повтори делото и да влијае врз сведоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

