Црна хроника
Член на обезбедувањето најден починат во „Телеком“ – Охрид

Вработен во „Телеком“ – Охрид синоќа пријавил во полиција дека на влезот во објектот на „Македонски телеком“ бил пронајден починат 46-годишен маж од Охрид, вработен во агенција за обезбедување, кој бил задолжен за обезбедување на објектот.
Од страна на доктор од екипа на итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Со согласност на јавен обвинител телото на починатиот му било предадено на семејството за погреб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.