Црна хроника
Шанкери претепале гостин во Скопје, кумановец ранет во кафуле
Шанкери претепале гостин во ноќен клуб лоциран на бул.„Климент Охридски“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, во саботата настанала расправија помеѓу оштетениот С.П.(31) од Скопје и шанкерите. Откако вработените излегле од шанкот започнале да го удираат оштетениот со тупаници во пределот на главата и лицето, а во еден момент уште неколку машки лица се приклучиле во нападот.
Откако С.П. се обидел да избега, од страна на сторителите бил удрен со две стаклени шишиња во пределот на главата. Повредениот бил пренесен во КЦ-Ургентен Центар, каде му се констатирани телесни повреди.
Утрово во болницата во Куманово бил донесен 19 годишен кумановец, со прострелна рана во пределот на десната подколеница.
Како што соопшти полицијата, ранет бил донесен Б.С.(19) од Куманово со повреда во пределот на десната подколеница нанесена од огнено оружје која ја здобил во кафе бар „Тунел“ во Куманово.
Во двата случаја полицијата превзема мерки за расчистување на инцидентите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

