Црна хроника
Шест лица физички нападнале момче од скопско Арачиново и го држеле затворено речиси половина час
Во текот на вчерашниот од комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје во полиција пријавиле дека бил донесено 22-годишно момче, кое имало повреди добиени од физички напад.
„По преземените мерки, било утврдено дека истиот ден околу 13 часот во село Арачиново на улицата 1, додека момчето управувало патничко моторно возило, две патнички возила му го попречиле патот, при што од нив излегле шест вооружени лица. Притоа тие со едно од возилата го однеле момчето во објект лоциран на улицата 11 во село Арачиново, каде што физички го нападнале, при што го држеле затворен речиси половина час“, соопшти полицијата.
По половина час, кога момчето било претепано, во објектот каде што било држено, пристигнал негов братучед кој го пренел во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, додава полицијата.
Од страна на претепаното момче како сторители во полицијата се посочени неколку лица од истото село поради нерасчистени семејни односи, односно во врска со неговата поранешна свршеница од село Арачиново. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

