Црна хроника
Штипјанец се возел низ градот иако знаел дека е заразен со коронавирус
Штипското основно јавно обвинителство поднесе предлог за казна за едно лице поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Според информациите, обвинетиот на 24 март добил известување од болницата „Жан Митрев“ дека неговиот резултат од тестот за Ковид-19 е позитивиен, при што му било издадено решение, со кое се одредува лекување и изолација во домашни услови.
Но, на 30 март тој не постапил по решението, го напуштил својот дом како место за самоизолација и со своето возило бил затекнат како фрла кеси со отпад во близина на Здравствениот дом во Штип.
Јавното обвинителство предложи на осомничениот да му биде изречена глоба во висина од 2.000 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

