Црна хроника
Штипјанец со нож им се закнувал на таткото, брат му и снаата, скопјанец ја нападнал сопругата – нови случаи на семејно насилство
Повеќе на случаи на семејно насилство биле регистрирани во МВР во изминатото деноноќие.
Доцна по полноќ, приведен е 32-годишен штипјанец со иницијали Е.С. кој во дворот од семејната куќа во Штип агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговите татко, брат и снаа.
Неколку часа претходно во истиот град, приведен е уште еден 32-годишник, Д.С. кој по претходна расправија, физички ја нападнал неговата поранешна 26 – годишна партнерка од Штип.
Во Шуто Оризари извршен е службен разговор со А.М.(55) од Скопје затоа што во домот физички ја нападнал и со остар предмет се заканувал на неговата 45-годишна сопруга, додека во Кисела Вода приведен е маж кој се однесувал во домот на неговата мајка и оштетил дел од покуќнината.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите, ќе следат пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

