Топ
Штитеник на ЈУ „25 Мај“ заедно со две малолетни момчиња со украдено возило се превртелe во канал
 
																								
												
												
											Штитеник на ЈУ „25 Мај“ заедно со уште две други малолетни деца украле возило марка „пежо“ со скопски регистерски таблички од паркинг-простор кај Транспортен центар, и тоа најверојатно со оригиналниот клуч, кој бил во контакт-бравата на возилото, соопшти полицијата.
Во полициското соопштение е посочено дека во текот на денешниот ден добиле пријава од 36-годишен скопјанец дека во периодот од 18 декември од 19 часот и 30 минути до раните утрински часови, некаде околу 4:30 часот, од паркинг-простор кај Транспортен центар од страна на непознат сторител е одземено возило „пежо“ со скопски регистерски таблички, најверојатно со оригиналниот клуч, кој бил во контакт-бравата на возилото.
По преземени мерки и активности од страна на СВР Скопје, утврдено било дека делото го сториле 13-годишно момче штитеник на ЈУ „25 Мај“ заедно со уште едно 13-годишно, како и едно десетгодишно момче.
„Момчето кое го управувало возилото околу 3 часот на булевар Илинден изгубило контрола над возилото и се превртело во канал каде што се изведувале градежни работи. Трите момчиња се пренесени во ГОБ ‘8 Септември’“, стои во соопштението на полцијата.
Оттаму додаваат дека за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, како и родителите на малолетниците и социјален работник. По документирање на случајот, ќе биде доставен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска
 
														Реџеп Нуредини доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело.
Тој беше обвинет дека заедно со Сулејман Љамалари, кој веќе е осуден, во јули ја нападнал и навредувал градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за време на инцидент во Чаир, каде било постапувано во однос на дивограба.
Нуредини денеска пред судот признал вина и изразил искрено каење.
Адвокатот на обвинетиот, Насер Рауфи, изјави дека Арсовска покажала доблест и простила, што придонело судот да изрече алтернативна, условна казна.
Сулејман Љамалари беше осуден на две години затвор за физички напад врз Арсовска за време на увид на терен.
Македонија
Филипче го повика членството да гласа по сопствено убедување во општините кадешто СДСМ нема кандидати за градоначалници
 
														Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг, нема да има калкулации, членовите да гласаат според сопственото убедување и за вредности кои се блиски до социјалдемократијата.
„Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и до социјалдемократските вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој“, рече Филипче.
На прес-конференцијата Филипче посочи дека на втори ноември, во недела секој глас може да направи разлика и ги повика граѓаните да гласаат за локална власт која ќе биде секогаш отворена за нив и нивните потреби.
„Гласајте и изберете локална власт која е вистински сервис за граѓаните, за кандидати што нема да ја затворат вратата. После изборите таа врата ќе биде отворена за секој, кога било кој граѓанин ќе има потреба и кога некој граѓанин ќе сака да биде слушнат. Тоа е глас за луѓе кои ги исполнуваат ветувањата и кои интензивно и силно и посветено ќе работат да живееме подобри општини и градови во иднина“, порача претседателот на СДСМ.
Филипче повика на масовна излезност, со порака дека граѓаните треба да го продолжат трендот на опаѓање на поддршката за владејачката гарнитура.
„Овие избори се шансата да се покаже дека народот не се купува, не се лаже и не може да се потцени. Сметам дека треба да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура. ВМРО-ДПМНЕ изгуби над 140.000 гласа за само една година, тоа е јасен сигнал дека опозициското расположение расте“, рече Филипче.
Тој истакна дека власта не понудила решенија за проблемите на граѓаните и покажала „невиден степен на ароганција“.
„Гласањето е нашиот најмоќен протест против неспособноста и најсилен отпор на апатијата. Во недела сигурен глас може и ќе направи разлика“, порача Филипче.
Тој ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат за кандидатите на СДСМ и коалицијата.
„Гласајте за чесни и отчетни луѓе кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните, за локална власт што ќе биде вистински сервис на народот.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли
 
														Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално приклучен на електромрежата, објави Електродистрибуцијата на социјалните мрежи.

„При техничка контрола во станбена зграда, која граничи со хотел на улицата Луј Пастер, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност.
Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување пожар. За време на дополнителна контрола се утвди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли.
Екипите беа попречени во вршењето на должноста при влезот во хотелскиот објект.
Случајот е документиран и за него е поднесена пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи“, се додава во објавата од Електродистрибуцијата.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											