Црна хроника
Ќе се вештачи рачната бомба фрлена во близина на прилепско кафуле
Во присуство на Одделот за антитерористичка заштита, безбедно беше демонтирана рачната бомба пронајдена денеска во близина на кафуле во Прилеп.
Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, бил извршен и увид на местото каде неексплодираната бомба била фрлена, во близина на прилепското кафуле „Кафе ин“.
„Пронајдениот материјал е подигнат, обезбеден, документиран и испратен на вештачење“, се навдува во соопштението во кое се додава дека прилепското основното јавно обвинителство издало наредби за проверки и расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството
Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар помеѓу два автомобили што се движеле во иста насока. Од ударот две лица го загубиле животот, меѓу кои и возачот на едното возило, додека петмина се здобиле со повреди и биле пренесени во болниците во Прилеп и Кавадарци.
Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од местото на настанот, како и за сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобили со цел утврдување на причините за несреќата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други супстанции.
Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.
Црна хроника
Двајца турски државјани уапсени на скопскиот аеродром со фалсификувани визи
Денеска околу 10 часот на скопскиот аеродром, полицијата ги приведе Г.М. и К.М., двајцата државјани на Република Турција.
При излез од државата, при извршена гранична контрола, било утврдено дека визите за Обединетото Кралство што ги приложиле биле фалсификувани.
Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени
Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Во незгодата повредени се пет лица, од кои три се пренесени во болницата во Прилеп, а две во болницата во Кавадарци. Лекар констатирал смрт кај две лица, соопшти МВР.
Од 18 часот сообраќајот на овој потег се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.
Полицијата врши увид, по чие завршување јавноста ќе биде дополнително информирана за деталите од несреќата.

