Црна хроника
Џип се преврте во канал, двајца загинати

Седумдесет и двегодишен маж од Скопје возејќи „гранд чироки“ излегол од патот и паднал на покривот во одвоен канал. Од повредите со кои се здобиле возачот и неговата сопатничка, С.Д (68) од Скопје, починале и двајцата.
Несреќата се случила на локалниот пат с.Миладиновци-с.Кадино.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Македонски државјанин кој летувал во Саранда најден починат во стан

Македонски државјанин е пронајден без знаци на живот во стан каде што престојувал на одмор, во крајбрежниот албански град Саранда.
Трагичниот настан, според полицијата, се случил на 26 јули, во населбата број 1 во градот.
-Полицијата во Саранда објави дека жртвата, идентификувана како О. Ј. (20), била пронајдена од членовите на неговото семејство додека бил во станот каде што престојувал за време на престојот во Албанија, објавија медиумите.
Прелиминарниот преглед на телото не открил никакви траги на насилство. Се сомнева дека младиот човек починал од природна смрт, но обдукцијата треба да ја потврди причината.
Властите продолжуваат со истрагата за да ги разјаснат сите околности на овој трагичен настан.
Ова е втор трагичен крај на македонски државјанин, за време на престој во Албанија.
Во средината на овој месец во близина на Драч, на плажата кај Каваја, се удави 66- годишен македонски државјанин.
Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај „Борис Трајковски“ во Скопје

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, а друг возач е полесно повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13:05 часот на крстосницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „Трајко Иванов Љузе“ во Скопје.
Како што информираат од СВР Скопје, во несреќата учествувале патничко возило шкода, управувано од 61-годишниот П.Б. од Скопје и мотоцикл јамаха, со кој управувал 28-годишниот М.С., исто така од Скопје.
По судирот, мотоциклистот М.С. се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Возачот на автомобилот П.Б. е полесно повреден и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на несреќата излезе јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а истрагата за причините продолжува.
Црна хроника
Возач тешко повреден откако со БМВ излетал од патот кај село Калишта

Рано изутринава, околу 01:00 часот, на регионалниот пат кај селото Калишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден 40-годишен маж.
Како што информираат од ОВР Струга, патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски таблички, управувано од Р.В. од селото Долна Белица, излетало од коловозот откако возачот изгубил контрола врз возилото.
Повредениот возач бил итно пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна екипа од ОВР Струга, а полицијата работи на утврдување на причините за несреќата.