Топ
10-годишно девојче со тешки повреди донесено во болница во Прилеп: со возило ја прегазил нејзиниот 7-годишен брат

Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од село Алданци, крушевско.
Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Поради големиот пожар повеќе населби во Скопје беа без електрична енергија, а од ДЗС информираат дека набргу дел по дел, ќе биде пуштена електричната енергија.
Македонија
Вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, осум изгаснати, а еден под контрола

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а осум се изгаснати.
Активни се пожарите во Општина Македонски Брод во Повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума, во Општина Кавадарци кај селото Фариш каде повторно е потпалена ниска вегетација и во Општина Гази Баба кај поранешната депонија Вардариште каде гори ѓубриште, инфорира Центарот за управување со кризи.
Под контрола е приземен пожар на планината Кожуф во Општина Гевгелија, а изгаснати се пожарите во Општина Долнени кај село Долгаец (мешана шума), Општина Делчево кај Градската депонија (ѓубриште), Општина Куманово кај филтер станицата (ниска вегетација), Општина Центар на Кеј 13 Ноември (ѓубре), Општина Илинден кај село Миладиновци (ниска вегетација) и кај Индустриска зона Бунарџик (ниска вегетација и патничко возило), Општина Ѓорче Петров покрај Лепенец (ѓубре) и Општина Сарај кај езеро Треска (ѓубриште).
Македонија
Цел Аеродром без струја поради голем пожар на Вардариште

Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект.
Во моментот интервенираат 13 пожарникари со 5 ПП возила, а исклучени се далекуводите за Аердром и Лисиче заради пожарот.