Црна хроника
106 казни за непрописно вградени фолии

Во периодот од 01.01.2024 до 31.01.2024 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
При контролата санкционирани се 106 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
17-годишник со остар предмет нападнал ученик во средно училиште во Кичево

Вчера во 11:45 часот во полиција е пријавено дека во просториите на едно средно училиште во Кичево, 17 – годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15-годишен ученик во истото училиште и му нанел телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево.
Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.
Топ
Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци.
Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста и „полов напад и силување”.
Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата.
Црна хроника
Приведени двајца скопјани, криумчареле мигрант од Турција

Вчера во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје.
При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У.(22), илегален мигрант од Турција.
Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.