Црна хроника
11 возачи под дејство на алкохол на територија на Штип

Во текот на вчерашната вечер во периодот од 21.00 до 03.00 часот била спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Охрид, при што биле санкционирани 11 возачи.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изгореа викендичка и овоштарник во Идризово

Викендица и овоштарник во село Идризово се опожарени вчера. Интервенирано е со три противпожарни возила и осум пожарникари, а се утврдува материјалната штета.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарникарите на Град Скопје имале уште две интервенции во текот на вчерашниот ден и тоа на стрниште на површина од 1.200 m2 во село Буковиќ и на уште една помала интервенција.
Според информациите на ЦУК, во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 12 пожари на отворено на територија на цела држава.
Црна хроника
Србин најден починат на паркинг во Гази Баба

Синоќа во 22.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека околу 20.30 часот на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат З.Ѓ.(51) од Република Србија, кој претходно застанал поради дефект на товарното возило со српски национални ознаки, кое го управувал.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Родител пријавил наставничка дека натепала повеќе ученички во соблекувална во скопско училиште

Родител пријавил во МВР напад извршен од страна наставничка во скопско основно училиште.
Според пријавата, таа во текот на вчерашниот ден, во соблекувална во училиштето кое се наоѓа на Бит Пазар, за време на час по физичко воспитување, ја нападнала неговата ќерка и неколку нејзини соученички.
Меѓудругото, во пријавата се наведува и дека наставничката зад која стојат иницијалите Е.Ј. употребила и дрвен предмет.
Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.