Црна хроника
111 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15, десет санкции за возење повеќе од дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за возење под дејство на алкохол, 15 прекршоци што ги прават пешаците.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец во кино нападнал девојче оти со нозете му го удиралo седиштето

Скопјанец на 45-годишна возраст физички нападнал малолетно девојче во кино сала во Карпош.
Според пријавеното, од МВР како причина се наведува тоа што девојчето кое седело зад мажот удирало со нозете по неговото седиште.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојче нападнато од три врснички, едната и’ го зела мобилниот телефон

Малолетно девојче било нападнато од три врснички вна улицата Славка Динкова.
„На 05.06.2023 во 23.00 часот во Полициската станица Драчево, Х.К.(52) од Скопје пријавила дека околу 12.50 часот на ул.„Славка Динкова“ нејзината малолетна ќерка била физички нападната од три малолетнички, од кои едната ѝ го одзела мобилниот телефон“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тренер по ракомет натепал малолетник

Родител од Скопје пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од тренерот по ракомет додека престојувале во Унгарија.
„На 05.06.2023 во 18.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.Р.(42) од Скопје пријавил дека на 02.06.2023 околу 15.00 часот во Унгарија, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неговиот тренер по ракомет, В.К.“, објави МВР.