Црна хроника
117 санкции за брзо возење на територијата на Тетово

Денеска на подрачјето на Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 117 возачи, велат од МВР.
Од нив 39 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, напоменуваaт надлежните.
Од таму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Семејно насилство во Карпош, скопјанец го нападнал малолетниот син

Полицијата уапси жител на Скопје поради физичко насилство врз неговиот малолетен син.
Според информациите на МВР, вчера во 02 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(41) од Скопје, по претходна пријава од неговата 40-годишна поранешна сопруга дека околу 00.30 часот во домот физички го нападнал нивниот малолетен син, а му го скршил мобилниот телефон на другиот нивен малолетен син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Загина мотоциклист на патот Делчево – Штип

Седумдесет и двегодишен жител на Оризари, кочанско загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Делчево – Штип.
Според информациите на МВР, вчера во 07.06 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на крстосница „Компосара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Виница, а управувано од Б.С.(63) од с.Јакимово, виничко и мопед „томос“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(72) од нас.Оризари, кочанско.
Во несреќата на местото на настанот починал возачот на мопедот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Виничанец возел брзо под дејство на алкохол, без дозвола и со нерегистриран автомобил, приведен е

Полицијата на регионалниот пат Виница-Берово го приведе М.А.(55) од Виница. При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека управувал патничко возило со брзина од 74 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
„По преземени мерки и извршена контрола, исто така е констатирано дека не поседува возачка дозвола и е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и по наредба на јавен обвинител, задржан во Полициска станица Виница. При контролата е утврдено и дека сообраќајната дозвола на возилото што го управувал е со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа му е одземено“, велат од МВР.
Се додава и дека притоа М.А. агресивно се однесувал кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.