Црна хроника
118 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Фото) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, уапсени две лица

Вчера во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Н.(60) и 30-годишната С.С., двајцата од Тетово.
При претрес во домот и помошни простории во Тетово, каде Ф.Н. престојувал заедно со С.С., извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ќеса со околу 130 грама бела прашкаста материја, најверојатно кокаин.
Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
На Табановце приведен белгиски државјанин, кај него е пронајдена марихуана

Вчера, во 11 часот, на граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 41-годишниот С. М. од Белгија.
При граничната контрола и проверка во неговиот личен багаж се пронајдени и одземена марихуана и семки од растението канабис.
Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во скопско, пронајдени стебла канабис, приведено едно лице

Денеска околу 12:30 часот во село Ајватовци, скопско, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(47) од село Ајватовци поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници го затекнаа лицето во близина на полуотворена фолија за одгледување на растенија во која се гледаа насадени повеке стебла од канабис.
„Местото беше обезбедено и подоцна, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес, при што пронајдоа и одземаа повеќе стебла од растението канабис“, извести МВР.
Д.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.