Црна хроника
124 санкционирани возачи во Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/thumbnail_DSC_6213-1.jpg)
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Топ
Убиство во Чаир: полицијата уапси неколку лица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/policija-policiski-chas.jpg)
Денеска во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени 35-годишните Х.Б. и А.Д., двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување.
По преземени мерки било утврдено дека тие претходно учествувале во вооружена престрелка на подрачјето на Чаир. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје.
Исто така, по преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.
Црна хроника
Три лица останале без пари по посета на спа центар во центарот во Скопје – грабеж во соблекувалната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/spa.jpg)
Три лица пријавиле дека завчера во периодот од 19.00 до 21.30 часот од соблекувална на спа центар во хотел на подрачјето на Центар им биле одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот полицски билтен.
Црна хроника
Грабеж во Чаир: искршени апарати за игри на среќа и украдени пари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/340100298_727343369082993_245299473340502978_n.jpg)
Во скопската населба Чаир во текот на вчерашниот ден имало грабеж во спортска обложувачница.
„На 09.02.2025 во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека со употреба на сила и погоден алат било влезено во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир, биле оштетени неколку апарати за игри на среќа и биле одземени пари“, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.