Црна хроника
128 санкционирани возачи во Скопје, 33 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.6.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.
Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, една мерка за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетни девојчиња нападнале врсничка во Чаир, додека ја удирале уште едно девојче снимало со телефон
Во Скопје е пријавен нов инцидент на малолетничко насилство, овојпат на подрачјето на Чаир, меѓу девојчиња.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две врснички, кои ги познавала. Настанот се случил вчера, околу пладне.
Трето малолетно девојче, кое било присутно, со мобилен телефон го снимало целиот напад.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: Илустрација
Црна хроника
Скопјанка нападната од поранешниот партнер во Кисела Вода
Триесет и двегодишна жена од Скопје пријавија во полицијата дека околу 06:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Т.(31) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Изгоре камп приколка на нива во Долно Лисиче, нема повредени
Во саботата попладне, околу 17:20 часот, во нива во атарот на селото Долно Лисиче, скопско, избувнал пожар во камп приколка во која престојувал 68-годишниот В.Н..
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во пожарот нема повредени лица, а огнот бил брзо изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
На местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Скопје. Причините за пожарот се утврдуваат.
Фото: илустрација

