Црна хроника
133 сообраќајни прекршоци во Скопје, 64 за брзо возење
133 возачи на територијата на град Скопје добиле казни поради сторени сообраќајни прекршоци информира МВР. Меѓу нив за возење над дозволената брзина 64 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за минување на црвено светло.
Изречени биле и три казни за користење мобилен телефон, 14 прекршоци ги направиле возачите на мотоцикли, 19 казни за непрописно паркирање.
Од министерството за внатрешни работи известуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се судрија три возила на патот Кичево–Гостивар, има повредени
Вчера на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки.
Во несреќата учествувале „ауди А3“, управувано од Ф.А. (24) од селото Зајас, „ауди Q5“, управувано од Г.С. (31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управувано од Н.Р. (56) од селото Бачишта.
Со телесни повреди се здобиле возачот на „ауди А3“, сопатничката С.А. (51) од Зајас, како и Г.С.
Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Фрлена течност пред Основниот суд во Куманово
Непознато лице истурило течност до зградата на Основниот суд Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 21:50 часот во СВР Куманово, полициски службеник од судска полиција на Основен суд Куманово пријави дека едно лице се доближило до зградата на Основен суд Куманово и истурило течност, по што заминало, информираше полицијата.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, а од Основното јавно обвинителство информираат дека се разгледуваат камерите и течноста ќе се носи на вештачење.
Црна хроника
Возач фатен со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило
Вчера во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес.
Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки и извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 1,99 промили алкохол во крвта и дека имал активна забрана за управување возило.
Лицето од страна на полициските службеници е лишено од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

