Црна хроника
141 санкционирани возачи во Скопје, 21 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Град Скопје биле изречени вкупно 141 казна, меѓу кои за возење над дозволената брзина 21 санкција, 17 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на црвено светло, една за возење под дејство на алкохол, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за неносење сигурносен појас, осум мерки за користење мобилен телефон, три мерки за прекршоци што ги направиле возачите на моторцикли, 48 мерки за непрописно паркирање.
Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

