Црна хроника
143 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 143 возачи.
Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 79 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 64 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полициска акција во Штип: пронајдени автоматски пушки, приведени тројца млади

Полицијата ги приведе Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип.
Постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.