Топ
Кривична за скопски градоначалник, ја злоупотребил положбата
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј. П. (53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Пријавениот, во својство на овластено лице – градоначалник, во периодот од 2011 до 2015 година, во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба со пречекорување на границите на своето службено овластување и постапил спротивно на Законот за јавни набавки.
Во 2011, 2012 и во 2013 година донел три решенија за јавна набавка за сервисирање хардвер, софтвер и мрежа во вкупен износ од 802.400,00 денари, но и покрај тоа, набавил и платил стоки и услуги во износ од 184.192 денара повеќе од предвидените парични средства од буџетот и надвор од донесеното решение за јавна набавка за сервисирање хардвер, софтвер и мрежа.
Исто така, пријавениот во текот на 2014 година има донесено решение за јавна набавка на делови за патнички моторни возила и нивна поправка и одржување, но и покрај тоа, сепак набавил и платил стоки во износ од 25.623 денари повеќе од предвидените парични средства за таа намена и надвор од донесеното решение од негова страна.
Исто така, пријавениот за наведениот период со економски оператор извршил набавка и платил стоки и услуги во вкупен износ од 440.781 денар иако знаел и бил свесен дека стоките и услугите воопшто не се предмет на договор за спроведени јавни набавки, а со друг економски оператор извршил и платил стоки и услуги во вкупна вредност од 200.491 денар иако знаел дека платените стоки и услуги воопшто не се предмет на спроведена јавна набавка на склучен договор за јавна набавка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино
Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани.
„Во Струмица се чувствувам особено добро бидејќи знам дека оттука ќе тргне тој политички вулкан што ќе стави крај на последната феудална енклава во Македонија. Таа енклава ја нареков феудот на Заеви што ќе се распадне! Замислете, „заколнати“ самонаречени европјани мислат дека со рефудализација ќе стигнат во ЕУ. Неверојатно нешто! Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино“, вели Силјановска-Давкова.
Како што цели, во дебата, квази дебата на давеник што се фаќа за сламка, била прашана како може да не го употребува името „северна“, и дека го кршела Уставот.
„ Му објаснив дека правото на самоопределување е колективно право и дека Македонија истото го искористи уште на АСНОМ. Но и дека секој од нас има право на индивидуално самоопределување и дека никој, никогаш ниту мене, ниту вам не може да ни забрани да го употребуваме името Македонија. Замислете, во една емисија, во еден изборен циклус, не знаете кој е кој, не знаете со кого разговарате, бидејќи господинот Пендаровски неколку пати го негира она што го кажал. Во една изјава сум одличен професор, меѓународно признат експерт, дека сум имала висока морална вертикала. Па после вика не, јас мислев на висока морална вертикала во однос на Уставниот суд. Пазете, луѓево имаат по десет морални вертикали. Еднаш за Уставниот суд, еднаш за Собрание, еднаш за претседател… Неверојатен конгломерат. Како тогаш очекувате став од ваквите луѓе? Како очекувате да опстојат?“, додава Силјановска-Давкова.
Македонија
Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен е милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Каевски како директор на АМС, неговиот наследник Наумче Мојсовски и Даниел Димевски од МОК се гонат заради сомнежи дека како директори на Агенцијата, но и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на пари, со што го оштетиле Буџетот на државата, но и луѓето што имале законско право на тие пари, а не им биле доделени“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, во предметот на Државната комисија за спречување на корупцијата, врз основа на кој, како што известија медиумите, е поднесена пријавата и отпочната постапката се присутни сомневања дека спортските федерации, клубовите и спортистите добиваа ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.
„Сега е повеќе од јасно зошти Каевски беше најжесток гласноговорник на СДС, повеќе од очигледно е дека интересот му бил голем. По оваа афера станува јасно зошто спортот во Македонија во последните 7 години е на историско најниско ниво. Наместо за развој на спортот, парите наменети за истиот се пренасочувани во криминални шеми, додаваат од партијата.
Македонија
Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега
Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.
Од денеска, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, додека во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичницата во период мај – септември.
– По повод претстојниот државен празник „Ден на трудот“, од „Паркинзи на општина Центар“ известуваат дека паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 02.05.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.