Црна хроника
149 санкционирани возачи во Скопје, 31 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.9.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 20 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, шест санкции за користење мобилен телефон, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бетонски столб падна и усмрти маж од Чаир
Вчера околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место од куќа на подрачјето на Чаир, додека извршувал градежни работи, врз Ј.И.(54) од Скопје паднал бетонски столб. Ј.И. бил пренесен во Поликлиниката Чаир, каде од страна на лекар констатирана била смрт.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Починат велешанец пронајден во центарот на Скопје
Велешанец е пронајден починат во центарот на Скопје. Причините за смртта не се познати, а според МВР на телото на почитаниот немало видливи траги на насилство.
– На 28.09.2024 во 16.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар, на паркинг позади угостителски објект, бил пронајден починат Т.Т.(43) од Велес, информираат од МВР.
Црна хроника
СВР Скопје расчисти кривично дело обид за убиство
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Н.С.(27) и М.С. (20) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ.
По добиена пријава на 15.09.2024 дека на територија на општина Аеродром во Скопје од страна на две лица му се нанесени убодни рани на Н.Г. од Скопје, преземени се мерки и активности и утврдено е дека Н.С. и М.С. го сториле кривичното дело, по што во координација со ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава.
Од страна на судија на претходна постапка на М.С. му е одредена мерка куќен притвор од 30 дена, а за Н.С. се преземаат мерки за пронаоѓање.