Црна хроника
149 сообраќајни санкции во Скопје, 50 за брзо возење

По засилените сообраќајни контроли во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје, од страна на МВР биле изречени 149 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 50 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, пет за возење под дејство на алкохол.
Биле изречени и пет мерки за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен вработен во Здравствениот дом – Берово, кај него пронајдена дрога

Вчера околу 22 часот на улицата „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен 29-годишниот Б.Р. од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла.
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и при преглед кај него е пронајдена дрогата, по што е известен јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки тој да биде лишен од слобода.
По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во кое наводно еден од убиените е македонски државјанин.
Од министерството информираат дека македонската амбасада во Бразил е во постојан контакт со Амбасадата на Боливија во Бразилија.
„За потврда на идентитетот на жртвите се очекува завршување на обдукцијата, која сè уште е во тек. По добивањето на официјална информација од боливиските власти за идентитетот на жртвите и околностите на настанот, Министерството ќе ја информира јавноста“, соопштија од МНР.
Медиумите синоќа објавија дека телата биле пронајдени во црни пластични ќеси. Според неофицијалните информации, тие биле мачени, а потоа и ликвидирани во Боливија, пренесува белградска „Политика“. Убиениот македонски државјанин, како што пишуваат медиумите, е Дејанчо Л. oд Струмица, а уште еден, српски државјанин од Ниш, бил предводник на меѓународна организирана криминална група која се занимавала со дистрибуција на големи количини на кокаин од Јужна Америка на теротории на одредени земји во Западна Европа. Неофицијално дел од медиумите во Србија денеска споменуваат и дека третиот од тројцата убиени бил Бугарин.
Црна хроника
Маж обвинет за допирање малолетно дете во скопско село

На 13.08.2025 во 18:40 часот во СВР Скопје 43-годишна жена од скопско пријавила дека на 12.08.2025 околу 21:00 часот, С.С., кој живеел во близина на нејзиниот дом, ја бакнувал и ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.