Црна хроника
150 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (4.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 150 возачи.
Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 52 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој „Пресека“: неколку повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово.
Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
Семејно насилство во Кичево: се истепаа мајка и ќерка

Вчера во 17.05 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на регионалниот пат Кичево-Битола, по претходна расправија, настанал физичка пресметка помеѓу 36-годишната И.С. и нејзината малолетна ќерка, двете од Кичево.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Изгоре стан во Прилеп, поради вдишување чад две лица пренесени во болница

Вчера околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.