Црна хроника
17-годишна скопјанка киднапирана и силувана од своето поранешно момче

Синоќа, околу 22 часот, 17-годишна малолетничка од Скопје во полиција пријавила дека на 21 септември годинава противправно била лишена од слобода од Џ. А. со кого претходно била во љубовна врска.
Според нејзината пријава, во неговиот дом тој во повеќе наврати физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР со детали за сообраќајката во Чаир: Тешки повреди има 18-годишниот возач на моторциклот
Црна хроника
Маж од Струмица загина работејќи на сопствената нива

Педесет и осумгодишен маж од селото Сачево, Струмичко загина додека извршувал земјоделски работи со трактор на сопствената нива.
Според информациите од полицијата, во нивата имало редови со метални цевки за фолии. Мажот се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.
Црна хроника
Три лица повредени кај Штип кога комбе излета од автопатот

Три лица се здобија со повреди, од кои едно со тешки повреди вчера на автопатот Миладиновци- Штип.
„Товарно моторно возило “форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(31) од с.Елово-општина Студеничани, излета надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Џ.(38) од с.Црн врв, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Н.Ш.(36) од с.Елово и И.С., констатирани во Клиничкиот центар Штип“, соопши МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа.