Топ
17-годишно момче од Блаце загина во несреќата со автобусот, возачот на третото возило побегнал
Седумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Шуто Оризари – Горно Оризари.
Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, во несреќата учествувале автобус на ЈСП, автомобил, кој бил управуван од 17-годишник од Блаце и уште едно возило „фолксваген голф“ по што возачот го напуштил местото.
Седумнаесетгодишникот починал во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, а повреден е и неговиот малолетен сопатник од истото село.
Извршен е увид на местото на несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Во согласност со податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем на 22.12.2025, среднодневните концентрации на ПМ 10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ 10-честички е прекината во Скопје и Струмица“, се наведува во соопштението.
Од Министерството велат дека мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.
Македонија
(Фото) Николоски: Интензиво работиме на реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри
Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на градежните работи на превојот Пресека.

Тој потенцира дека се работи за проект за рехабилитација на 15 километри патен правец, што е од огромно значење за подобрување на безбедноста во патувањето и ќе го олесни поврзувањето на главниот град со Охрид и Струга.

„Се работи на 11 километри кои целосно се рехабилитираат. Можам да кажам дека во однос на рехабилитацијата на патниот превој Пресека, кој што претставува главна артерија, не само за спојување на Кичево со Охрид и Струга, туку генерално и за спојување на Скопје со Струга и Охрид, се работи со одлична динамика и до февруари месец би требало целиот патен правец да е завршен, што многу ќе помогне додека не се пушти целиот автопат Охрид-Кичево, побезбедно и побрзо да се патува, имајќи предвид дека патниот превој Пресека беше во една навистина катастрофална состојба“, изјави вицепремиерот Николоски.

Свет
(Видео) Американската војска изврши нов напад врз брод во Тихиот Океан, едно лице загина
Американската војска изврши уште еден напад врз таканаречен „нископрофилен брод“ осомничен за шверц на дрога во источниот Тихи Океан, при што загина едно лице, потврди Јужната команда на САД (SOUTHCOM), објави CNN.
„На 22 декември, по наредба на секретарот за одбрана Пит Хегсет, Заедничката работна група Јужно копје спроведе смртоносен воен напад врз нископрофилен брод управуван од организации означени од САД како терористички во меѓународни води“, објави SOUTHCOM на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека во нападот не е повреден ниту еден член на американската војска.
On Dec. 22, at the direction of @SecWar Pete Hegseth, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a low-profile vessel operated by Designated Terrorist Organizations in international waters. Intelligence confirmed the low-profile vessel was transiting… pic.twitter.com/LGzEaQSTiR
— U.S. Southern Command (@Southcom) December 23, 2025
Нападот е дел од поширока кампања наречена „Операција Јужно Копје“, за која администрацијата на Трамп вели дека има за цел сузбивање на трговијата со дрога. Во операцијата загинаа најмалку 105 лица во напади врз сомнителни бродови. Само минатата недела, американската војска нападна два брода во источниот Пацифик, убивајќи пет лица.
Администрацијата ги означи убиените лица како „нелегални борци“, тврдејќи дека има овластување да извршува смртоносни напади без судски надзор врз основа на класифициран извештај на Министерството за правда.

