Црна хроника
17-годишник со „бмв“ излетал од патот во Велешко: повредени тројца малолетници
На 16.07.2025 околу 21.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од с.Бузалково кон с.Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Бузалково, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од с.Бузалково, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга
Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од нив физички ја нападнал и ја силувал откако таа паднала во бесознание.
Кривичната пријава е поднесена против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште кој се сомничи за грабнување и полов напад и силување и против 18-годишениот Е.В. од дебарското село Отишани кој се сомничи за грабнување.
Полицијата информира дека жената била грабната од нејзиниот двор со возило ауди кое го управувал Е.В. и однесена во напуштен објект во Струга.
Откако А.Л. ја силувал, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга.
Двајцата сторители се пронајдени и против нив ќе следува кривична пријава.
Црна хроника
Полиција приведе жена, пијана туркала предмети на бензинска
Полиција приведе жена која туркала предмети на бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив. При преземање на мерки, кај неа биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека таа била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе била поднесена соодветна пријава.
Топ
Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот
Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.
-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од СВР – Велес.

