Црна хроника
18-годишна девојка загина во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Куманово
Осумнаесетгодишна девојка од Куманово загина, а уште две лица добиле повреди во сообраќајната несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје – Куманово во близина на наплатната станица „Романовце“.
Како што информираат од МВР, вчера, околу 21.55 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Скопје – Куманово, на речиси еден километар пред наплатната станица „Романовце“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С. В. (20) од Куманово, и товарно возило „застава“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д. В. (55) од с. Старо Нагоричане, Кумановско.
На местото на незгодата починала М. М. (18) од Куманово, сопатничка во возилото „ауди“.
С. В. добил тешки телесни повреди, а Д. В. добил телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.
Увид на местото извршиле екипа на СВР Куманово и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

