Црна хроника
18-годишник тешко повреден кога со мотоциклот излетал од патот Маврови Анови – Гостивар
Вчера во 18.50 часот на регионален пат Маврови Анови – Гостивар, на место викано „Влајница“, Ј.А.(18) од Гостивар, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.А., констатирани во Ургентен центар во Гостивар.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајден починат маж од Струга: бил пријавен за исчезнат
Вчера во 12 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во атарот на струшкото село Глобочица, кај месноста „Ѓурчин вир“, починат е пронајден К.М.(60) од Струга за кој на 21.10.2024 неговиот брат Љ.М.(62) пријави дека се оддалечил од домот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Претрес во Крушевско, пронајдено оружје
Денеска со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола во с.Свето Митрани, крушевско, извршиле претрес во куќа сопственост на Г. Б.(38) од с.Свето Митрани.
При претресот биле пронајдени и одземени пушка, пиштол, две рамки за пиштол и куршуми за пиштол.
По целосно документирање на настанот, против Г.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава, извести полицијата.
Црна хроника
Претреси во Штип, пронајдено оружје и муниција, лишени од слобода две лица
Вчера во 07.00 часот во с.Селце, штипско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.М.(54) и Д.М.(32), двајцата од с.Селце.
При претрес во домот на Д.М. во Штип, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „бајкал“, за која не поседувал дозвола. Подоцна, исто така, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот и возило „лада“ на неговиот татко А.М., при што биле пронајдени и одземени 69 боеви куршуми со различен калибар, 289 ловечки патрони, 34 маневарски куршуми, пакувања со барут, пакувања со оловни сачми, пиротехнички средства, алат за рачно полнење на муниција, една ловечка пушка „ИЖ“ 18 калибар 12 мм и ловечки патрони.
По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица. Против А.М. по брза постапка била поднесена кривична пријава по член 396 став 2 – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Додека од судија на претходна постапка при Основен суд Штип му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Против Д.М. ќе биде поднесена кривична пријава по редовна постапка по член 396 став 1 од кривичниот законик, известија надлежните.