Црна хроника
18-годишно момче повредено при работа во магацин во Сарај

На 05.01.2021 во 15.20 часот во СВР Скопје, С.Т. пријавил дека неговиот син Р.Ќ.(18) од с.Бојане,Скопско, при извршување на работни задачи во магацин во с.Сарај се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Обвинителството предложи одземање на пасошот за двајцата возачи поради сообраќајката на автопатот Гостивар-Тетово во која загина жена

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за двајцата возачи по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетовo.
Од Обвинителството информираа дека според првичните сознанија едниот 19-годишник од Врапчиште со македонско и словенечко државјанство управувал со автомобилот „мерцедес“ со брзина поголема од дозволената, а вториот 47-годишник од Охрид претекнувал без претходно да се увери дека може да го стори тоа без да ги загрози останатите учесници во сообраќајот.
Во сообраќајната несреќа меѓу двата автомобили кои се движеле еден по друг во правец кон Гостивар, животот го загуби сопатничка од охридскиот автомобил, а останатите четири лица-учесници се здобиле со повреди.
„Согласно тоа за двајцата осомничени постои основано сомнение дека би можеле да бидат сторители на – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството.
Јавниот обвинител предложи на двајцата привремено да им биде одземена патната исправа, да им биде изречена забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и да им биде одредена обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган додека трае постапката.
Црна хроника
Гостиварец измамен за 4.100 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против М.И.(58) од с.Лакавица, гостиварско, поради измама.
„Во јуни и јули 2024 во негов продажен објект во Гостивар, пријавениот довел во заблуда едно лице од кичевско дека до средината на септември ќе му набави и достави стока за што му зел 4.100 евра“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Човекот останал без стоката и без парите.
Црна хроника
Сообраќајна расправија заврши со напад врз возач на автобус во центарот на Скопје

Возач на автобус на ЈСП, бил нападнат вчера околу пладне од страна на 33 годишен скопјанец.
Спроред пријавеното, на нападот претходела сообраќајна расправија.
МВР ќе поднесе пријава по документирање на случајот.