Црна хроника
180 сообраќајни прекршоци во Скопје, 80 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 25 за управување возило под дејство на алкохол,16 за возење без возачка дозвола, 13 за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, две за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 22 за непрописно паркирање.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазен малолетник во Гостивар: го удрило „бмв“од Швајцарија

Ноќеска во 21.34 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Џ.И.(33) од с.Форино, гостиварско, со престој во Швајцарија, удрило во малолетен пешак од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Од плажа на брегот на Охридското Езеро во болница е донесен починат маж од Босна и Херцеговина: телото дадено на обдукција

Вчера во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан“ бил донесен починат М.С.(65) од Босна и Херцеговина.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од 54-годишниот С.Д., патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од 31-годишниот Д.Р. и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А..
Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.
Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа.