Црна хроника
181 санкции за брзо возење
Во вчерашната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле санкционирани 181 возач.
Од нив едно возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.
Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетници претепале ученик во училиште во Дебар
Во училипте во Дебар малолетници претепале ученик, соопшти полицијата.
Имено, во ОВР Дебар вчера во 15:20 часот било пријавено дека во основно училиште во Дебар, неколку малолетници нападнале ученик во училиштето.
Според МВР, се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Со секира и се заканувал на 46-годишна жена: уапсен кичевец
Вчера во 10:35 часот на улицата „Санде Штерјоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода В.С.(39) од Кичево.
Тој, претходно во двор во кичевското село Карбуница, со секира ѝ се заканувал на Н.А.(46) од истото село.
При извршен преглед над него е пронајден и одземен нож.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсена 24-годишна девојка во Тетово, возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода
Полицијата уапси 24-годишна девојка во Тетово, возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода.
Вчера во 10:30 часот, полициски службеници ја уапсија Џ.А.(24) од с.Ново Село, општина Боговиње. Претходно, таа со нејзиното патничко возило ,,фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У.(23) од Тетово.
При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против неa ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

