Црна хроника
19-годишник ја нападнал мајка си, кога дошла полицијата му пронашла дрога

Полицијата го приведе С.Г.(19) од Тетово, бидејќи претходно физички ја нападнал неговата 43-годишна мајка.
МВР соопшти дека при претрес кај него била пронајдена прашкаста материја.
По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен скопјанец кој со нож и’ се заканувал на сопругата

Синоќа во скопско село, полицијата го приведе Д.С.(62), постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со остар предмет и се заканувал на својата 59-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Велешанка удрила во момче на пешчки премин и го напуштила местото

Полицијата изврши службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес, која вчера околу 7 часот наутро на обележан пешачки премин на улица Благој Ѓорев во Велес, со автомобил „киа“ удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото.
Пешакот се здобил со полесни повреди. Извршен бил увид, информираа од полицијата.
Црна хроника
Мотоциклист се судри со автомобил во Скопје, тешко повредени две лица

Несреќа се случи вчера на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје, кога автомобил управуван од И.Х.Ј.(30) се судри со мопед , управуван од Ј.Ј.(23) од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот сопатник Б.Ј.(23) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје“, извести МВР.
Извршен бил увид.