Црна хроника
191 сообраќаен прекршок во Скопје, 49 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.6.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Mлада скопјанка нападната од вонбрачниот партнер и од мајка му

23-годишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната во семејниот дом во скопската населба Гази Баба.
Според пријавата поднесена на 16 јули, жената била нападната од мајката на нејзиниот вонбрачен сопруг, Л.Ј. (48). Таа, исто така, навела дека два дена претходно била физички нападната и од самиот вонбрачен сопруг, Ј.Ј. (27), исто така од Скопје.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Измамен скопјанец со лажни полиси за осигурување

68-годишен маж од Скопје пријавил дека во период од една година, од женско лице Т.П.Н. бил измамен за сума од 48.875 денари.
Според пријавеното, таа се претставила како осигурителен брокер, вработена во правен субјект, и му понудила полиси за осигурување за неговиот недвижен имот во Скопје и Дојран, од кои на трансакциска сметка платил 33.875 денари, додека пак во готово и дал 15.000 денари.
Како што е пријавено, откако не ги добил полисите за осигурување, сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена со ветување за брак, изгуби 9.700 евра

65-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена преку социјална мрежа. Во мај годинава, таа почнала онјан да комуницира со маж и се договориле да се земат.
Мажот ѝ побарал пари за да може да се сретнат во Охрид, па таа во три наврати му испратила 6.700 евра преку брз трансфер, а дури подигнала и кредит од 3.000 евра. Но, средбата никогаш не се случила, па жената сфатила дека е измамена.
Полицијата работи на случајот.